Штрајкот ќе продолжи – Министерката Тренчевска: Моментот за покачување на платите не соодветен, зголемување од 18,4% не е реално

t

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма истакна дека социјалниот дијалог со синдикатите треба да продолжи се додека не се најде соодветно решение. Таа рече дека две средби се малку за решавање на толку важно прашање.

Таа посочи дека согласно колективниот  договор потпишан во 2019 година, меѓу МТСП и СОНК, сите барања се исполнети, а со потпишувањето на нов колективен договор ќе се предвидат сите барања доставени од синдикатите, како  работното  време за приправниците и кариерен развој, нешто на што министерството работи во моментов, со цел обезбедување на поголеми права за вработените во градините.


Во однос на приправниците, министерката рече дека согласно колективниот договор се работи за работна позиција и таа позиција не треба да се врзува со значењето на приправник согласно Закон за работни односи. Таа појасни дека со обезбедување на место согласно систематизацијата на работни места, приправникот се искачува место погоре. Како и дека сите оние приправници кои ги исполниле условите, согласно закон и колективен договор, имаат согласност од министерството да се искачат за место погоре.

Во врска со досегашното преговарање Тренчевска истакна дека на средбите се разговарало за воспоставување на систем на плати во јавен сектор, кој би се договарал заеднички, целта е  платите да имаат постојан раст. Како и  усогласување на платите со пораст на просечна плата и трошоци на живот.

„Во овој момент треба да се насочиме кон економијата, покачувањето од 18.4% не е соодветно во време на економско-енергетска криза, кога Владата изминатиов период ја донесе минималната плата, ги покачи пензиите и донесе пакет антикризни мерки. Моментумот за покачување на платите од 18.4% не е реален,“ рече Тренчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добра вест: Наставниците ќе земат цела плата…

Прифатени се сите препораки на посредникот кој…

Ковачевски го поздрави договорот меѓу СОНК и…

Премиерот Димитар Ковачевски го поздрави договорот за…

НАЈНОВА ВЕСТ: Се договорија СОНК и МОН…

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, вечерва…

Следува нов штрајк? Се уште нема договор…

Министерството за труд и социјална политика и…

СОНК и МОН оптимисти дека утре ќе…

И СОНК и министерот за образование оптимисти…