Ѓоковиќ: Браво, Меси и Аргентина, но честитки и за Хрватска за одличниот турнир

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги пофали Меси и Аргентинците за пласманот во финалето на Светското првенство 2022, но не заборави да упати честитки и за Хрватите за високиот пласман.
Најпрвин Ѓоковиќ на социјалните мрежи напиша: „Браво, Лео и Аргентина“.
Потоа следуваше и коментар за хрватската репрезентација и Дејан Ловрен и Лука Модриќ: „Честитки за ова, момци, и на целиот тим на уште едно сјајно првенство“.
Еден од најдобрите светски тенисери уште еднаш докажа дека е голем спортист и дека знае да ги цени успесите на другите.
Аргентина вчеравечер ја победи Хрватска со 3:0 и се пласира во финалето на Мундијалот во Катар.
Вечер од 20 часот е второто полуфинале во кое се среќаваат Мароко и Франција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сахарска прашина доаѓа во Македонија
Во делови на Европа стигнува прашина од…
ТВ21: Приведени Ејуп Рустеми и уште три…
Министерството за внатрешни работи досега уапси неколку…
Истрага за злоупотреби при јавна набавка во…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Португалската полиција заплени речиси 6,5 тони кокаин…
Португалската полиција заплени речиси 6,5 тони кокаин…
Франс прес за протестите во Македонија и…
„Од улиците на Белград во Србија до…