Ѓоковиќ испиша историја: Го преслуша Федерер во Синсинати

Поранешниот светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ го преслуша Рожер Федерер во борбата за титулата на Мастерсот во Синсинати и на тој начин испиша нова страница во историјата на тенисот.
Имено Ѓоковиќ со денешниот триумф од 2-0 (6-4, 6-4) ги комплетираше сите девет турнири од серијата 1000 и на тој начин го освои „Златниот Мастерс“. Тој е првиот играч кој успеа да дојде до овој фантастичен резултат, откако АТП го воведе овој систем на натпреварување пред 28 години.
Што се однесува до самиот меч, Ноле беше подобар и поквалитетен ривал, во првиот сет успеа еднаш да му го одземе сервисот на Федерер, додека пак во вториот успеа да направи пресврт и да дојде до посакуваниот резултат и покрај тоа што Швајцарецот му го „украде“ сервисот во вториот гејм.
Ѓоковиќ со ова ја зголеми предноста во однос на Рожер во меѓусебните дуели, сега резултатот е 24-22.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Надал нема да биде ни во првите…
Дваесет и двократниот грен слем шампион Рафаел…
Калин Ивановски не успеа да се пласира…
Македонскиот тенисер Калин Ивановски не се најде…
Падна Ѓоковиќ: Данил Медведев е светски рекет…
Рускиот тенисер Данил Медведев се искачи на…
Фриц Зергел се сомнева во Надал: Користел…
Германскиот лекар, Фриц Зергел го сомничи Рафаел…
Тениски атракции во Скопје во јуни и…
ТЕНИСКИ АТРАКЦИИ ВО СКОПЈЕ ВО ЈУНИ И…