Ѓоковиќ купи 80% од данска компанија за развој на третмани против Ковид-19

Тенисерот Новак Ѓоковиќ купи 80 проценти од данската биотехнолошка компанија QuantBioRes.
Тоа е компанија што развива медицински третмани против Ковид-19.
Ѓоковиќ купи 80 отсто од компанијата во јуни 2020 година, изјави нејзиниот извршен директор Иван Лончаревиќ, без да наведе колкава е инвестицијата.
Компанијата вработува 11 истражувачи кои работат во Данска, Австралија и Словенија, рече Лончаревиќ.
Тој истакна дека Квантиорес развива терапија, а не вакцина против коронавирусот. Компанијата развива пептид, што спречува коронавирусот да зарази човечка клетка, а во текот на летото очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија, јави Бета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова студија: Долгорочен Ковид-19 може да предизвика…
Луѓето кои страдале подолго од KОВИД-19 -…
Дијабетичарите бараат помош од народниот правобранител, се…
Во име на 44.000 дијабетичари Сојузот на…
(Видео) Портпаролот на Бајден одбива да одговори…
На социјалните мрежи е објавена снимка од…
Надал: Федерер го достигна највисокото ниво, но…
Тони Надал беше составен дел од огромен…
(Видео) „Мамба засекогаш“: Новак ја посвети на…
Новак Ѓоковиќ и официјално е најдобриот тенисер…