Објавено на:

Ѓоковиќ на сите им е „трн во око“ затоа што е – најдобар!

t

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера успешно го помина првото коло на Ролан Гарос, а потоа пред новинарите кажа дека не е изненаден поради тоа што добива најмногу негативни коментари на негова сметка.

Организаторите на Ролан Гарос се обидуваат да ги заштитат тенисерите и тенисерките од навредлива содржина, а според „Волрд Спорт Нетворк“, секој петти твит е против Ѓоковиќ.

„Дали ве чуди тоа? Искрено, мене не ми е чудно. Знаете што кажа Коби Брајант. Одлично е кога некој ве мрази. Затоа што не ве мразат кога сте добри, туку кога сте најдобри. Јас не мразам никого и така ги воспитувам моите деца. Омразата е страшна работа“, кажа Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ во второто коло на Ролан Гарос ќе се соочи против Мартон Фучович од Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Им изгоре куќата два дена пред…

Два дена пред празникот Бајрам семејството Алии…

Петрушевски: Нема ништо спорно во набакаата –…

-Ваква политика на ниски страсти и некрофилија…

Работниците излегуваат на улица: Познати барањата, денот…

НА УЛИЦА ЌЕ КАЖЕМЕ ДЕКА ПЛАТИТЕ МОРА…

(Видео+Фото) Голем број кочанчани и вечерва на…

Голем број граѓани на Кочани и вечерва…

(Фото+Видео) Студентите на протест пред ТВ Информер:…

Пред зградата на ТВ Информер се одржува…