Ѓорѓиевски: Кисела Вода ќе ги субвенционира сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства

t

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека Општината ќе ги субвенционира сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства.

Во продолжение ја пренесуваме неговата објава во целост:

“ГИ СУБВЕНЦИОНИРАМЕ СМЕТКИТЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА

⚡ Општина Кисела Вода ќе ги субвенционира сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства.

📜 Објавен е јавниот повик со критериумите, на кој од денес, во наредните 15 работни денови можат да аплицираат ранливите категории-социјално загрозени семејства, самохрани родители и деца без родители.

☝️Во услови на енормни поскапувања, на зголемени цени на сите основни продукти и добра кои претставуваат елементарни услови за живеење, а за многумина станаа луксуз, општина Кисела Вода обезбеди донација од приватна компанија за субвенционирање на дел од сметките за потрошена електрична енергија на социјално загрозените семејства.

❗Се работи за сума во износ од 1.200.000,00 денари, односно по 100.000,00 денари во текот на дванаесет месеци, кои ќе бидат наменети на оние на кои најмногу им е потребна помош.

📢 Ги повикувам сите наши жители кои ги исполуваат условите да ја поднесат потребната документација до Архивата на општина Кисела Вода, како би можеле да го остварат правото на овие финасиски средства.

☝️ Изборот ќе го врши повеќечлена комисија, а подносителите ќе бидат известени во рок од 15 дена од донесувањето на одлуката за распределба на средствата.

📜 Јавниот повик со критериумите за учество и потребната документација е достапен на општинската веб страница на следниот линк:

💻http://www.kiselavoda.gov.mk /content-data/Broshuri/Binderrrr444.pdf

☝️ Дополнителни информации може да се добијат преку лицата за контакт:

➡️ Ана Ѓуроска

📧ana.gjuroska@kiselavoda.gov.mk

☎️ 071/391-167

➡️ Марјана Блажевска

📧marjana.blazevska@kiselavoda.gov.mk

☎️ 072 / 248-526

☝️ Паралелно со оваа социјална мерка, oпштина Кисела Вода интензивно работи на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, со посебен акцент врз најсиромашното население.

🍔 Проектот ,,Храна за сите”, преку кој беа обезбедени хуманитарни пакети за економски немоќните семјества, ќе продолжи и понатаму, а од септември, сите семејства кои имаат првоодделенче, од општината ќе добијат училишна чанта со тетратки и прибор.

🎒 Со проектот ,,Ранче за секое прваче” се опфатени сите 625 првачиња од овој дел на градот.” , напиша Ѓорѓиевски.

ЛИНК од објавата на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Делови од Карпош утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека утре…

Делови од Центар и Карпош утре ќе…

Дел од корисниците лоцирани на потегот од…

(Фото) Брука, што пијат македонските полицајци? Паковка…

Полициските службеници добија паковка од "Нескафе" во…

Ново поскапување во најава?! Ако Владата не…

Во име на здружението АДКОМ кое ги…

Неколку скопски населби утре ќе останат без…

Без електрична енергија утре ќе останат дел…