Јагнешкото стана луксуз: “Скапо е, ќе поминеме со нешто поефтино” – велат граѓаните

За штипјани јагнешкото за велигденската трпеза е вистински луксуз. Во месарниците килограм јагнешко се продава по цена од 460 денари па нагоре, но вистинскиот проблем, велат граѓаните, се ниските примања и што за време на ковид пандемијата многумина останаа без работа, па сега не им дозволува домашниот буџет.
-Не, не дозволува. Еве јас сум невработена така што многу е тешко.
-500 денари, многу е скапо јагнешкото месо.
-Скапо е за мене и со оваа пензија, тешко.
-Не знам колку е, ама скапо е и го нема секаде – анкета.
Сепак, не се откажуваат од традицијата на големиот христијански празник, на трпезата да има јадење со месо.
-Со кокошка, со пилешко.
-Свинско, ребра или нешто такво – анкета.
Од кланичката индустрија растот на цената на јагнешкото месо го правдаат со недостиг од македонско јагне, кое се уште е многу барано на хрватскиот и италијанскиот пазар. Побарувачката за извоз од година во година е поголема, понудата послаба, а опаѓа и куповната моќ на македонските граѓани.
Извор: Сител.тв
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Официјално: Се замрзнуваат и намалуваат цените на…
Владата денеска одлучи да се замрзнат цените…
Регулаторната комисија утре ќе носи нова одлука…
Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува…
Велигденските пости имаат повеќе празници: Еве што…
Започнаа велигденските пости. За време на велигденските…
Владата ја замрзна цената на лебот на…
Владата ја ограничи цената на лебот на…
Добри вести: Се намалува цената на дизелот…
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…