Јакимовски: Бугарите се однесуваат кон нас како кон ученичиња, сега ќе ни даваат задачи – Договорот беше голема грешка

Бугарите ќе даваат задачи, а ние како ученичиња ќе треба да пишуваме домашни, вели лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во денешното гостување во “Жешко политичко лето” на Канал 5 телевизија.
– “Јас имам примедба на комисијата, ајде еднаш да излеземе со анализа кои се луѓето во комиисјата, дали имаме специјалисти за времето за кое се расправа. Драги Ѓоргиев е турколог како што знам, голем дел од нив се несоодветни личности.
Јас сум голем противник на договорот со Бугарја, направивме голема грешка, плаќаме огромна цена за да одиме по европскиот пат.
Допрва ќе следни сериозното. Гледате бугарскиот потптерседател што вели, имаат задачи за нас, ќе ни даваат задачи, а ние како ученичиња да си пишуваме домашни задачи и да им ги носиме да ни ги оценат добро или пак да се вратиме назад.
Сето ова е една циркусијада која не кореспондира со чувствата на Македонците.
Ајде секој од членовите на Комисијата да кажат за кој период се специјалисти, вели Јакимовски кој додава:
“Циркузот допрва почнува, сега ќе има наплив на НВО, бугарските служби разузнавачки ќе дејствиваат преку тие организации, ќе бараат бугари или бугарофили, ќе се оди дотаму делови од Македонија да се бараат да се отцепуваат, да се прекројуваат… Тие пасоши тие што енормно ги штанцаат во еден момент ќе преземат мерки да се одлучите дали сте Мкедонец или Бугарин, со сила ќе побугарчуваат луѓе и нашата агонија допрва почнува.
Мојот ств е дека дури и европскиот пат треба да го стопираме за да се одбраниме од Бугарија. Апсолутно сум сигурен дека е можно прецртување на граници.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна
Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…
Град Скопје ќе додели средства за сите…
Советот на Град Скопје на денешната седница…
Јакимовски со барање до надлежните распустот да…
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…