(Фото) Јакимовски: Денес доделивме 140 пакети на граѓаните од социјален ризик

t

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од општина Карпош, ја организираше 27. хуманитарна акција „Подај рака, донирај за твојот сосед“. По тој повод, денеска, доделивме 140 хуманитарни пакети на граѓаните од Карпош, кои се наоѓаат во потешка материјална состојба.

– Општина Карпош и понатаму ќе продолжи да помага за социјално загрозените семејства, како финансиски, така и материјално. Ова го говорам, затоа што сметам дека локалната самоуправа е таа која што е најблиску до нив и токму таа треба да им помогне на оние на коишто им е најпотребна помош.

Пакетите содржат прехранбени и хигиенски производи, кои ги донираа граѓаните од Карпош, општинската администрација и работниот персонал од детските градинки и училиштата на територија на локалната самоуправа. Хуманитарните пакети беа поделени на неколку локации во рамки на урбаните заедници „Карпош 2“, „Владо Тасевски“ и „Влае 1“ а гестот на солидарност го почувствуваа и децата од мал групен дом, кој се наоѓа на територија на Карпош, како и дечињата од СОС Детско село во населбите Влае и Бардовци.

Општина Карпош веќе 10 години по ред ја спроведува оваа традиционална хуманитарна акција, во пресрет на Велигденските и Божиќните празници, како и за Денот на Општината (3. ноември).

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема крај: И денеска дојави за бомби…

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…

Дојави за бомби денеска во вкупно осум…

На меил адреси на осум средни училишта…

Да беше Ленин – Сталин со Квиско…

Да беше Ленин Сталин во 2018-та ќе…

Болна работа: Малолетник од Скопје силувал малолетничка

Денеска (28.11.2022) во 02.20 часот, полициски службеници…

Лишени од слобода крадци од Скопје

По преземени оперативни мерки и активности од…