Јакимовски: Сакам општина Карпош да биде пример за мирна транзиција на власта, нема да опресирам никого

t

„Сакам Општина Карпош да биде пример за мирна транзиција на власта. Јас ветив дека нема никого да опресирам. Замислете, да се менува директор пред цела јавност, па да се обивинува дека е криминалец, деке е нечесен…“ – Истакна градоначалникот Јакимовски за тоа дали менува кадри од поранешната власт, во „Студио 10“ на Телевизија 24.

Тој тврди дека во општината нема променети раководители: – „Имам причина некои луѓе во чаша вода да ги давам, но тоа нема да го направам. Немам намера да барам вештерки во Карпош. На 62 години не мислам да правам доправа кариера, таа е веќе направена. Треба да ја стабилизираме општина Карпош. Имаше два милиони евра блокада, уште 600 илјади од управа за приходи и три и пол милиона евра долгови на општината. Бар до крајот на мандатот, да ја донесеме општина Карпош на нула, за да може некој после мене да управува.“ – Истакна Јакимовски и додаде дека очекува општината да има деблокирани сметки до крајот на месец Март.


Градоначалникот вели и дека им порачал и на СДСМ, кога ќе се вратат на власт да нема одмаздољубие и реваншизам: – „Разговарав и со претходниот градоначалник Стефан Богоев и му порачав дека ако му треба него нешто или на негов пријател слободно да ми се јави и од тогаш до сега неколку пати се слушнавме, па и во текот на вчерашниот ден, токму за проблмеот околу фамозната бензиска пумпа.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српска “Политика” со брутален коментар за бугарската…

Македонскиот државен врв, почнувајќи од претседателот, премиерот,…

(Видео) Зошто цените на станови во Карпош…

Во денешната епизода на Тешки муабети се…

Арсовски: Ќе го вратиме Фрчкоски од Њујорк…

Дури ни Заев не успеа да го…

Карпош го изгласа ДУП-от за бензиска на…

Шеснаесет советници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ…

ВМРО-ДПМНЕ: Човек кој тепаше жени ќе ја…

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на одлуката на Претседателот Пендаровски…