Јанаки: Обвинителство и МВР не може да ловат „подржувачи“ на воени злосторства, без официјална пресуда дека тие се случиле

t

Празни и неосновани се заканите на Обвинителството и МВР дека ќе ги гонат кривично оние кои на социјалните мрежи со статус или коментар ги одобруваат или оправдуваат воените злосторства во Украина. Правниците се децидни: Се додека нема правосилна правна пресуда од меѓународните институции дека воените дејствија во Украина се геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства не може граѓаните во Македонија да се гонат кривично за сторено такво дело, пренесува Алфа.

Ваквото дело треба и мора да се наоѓа по прогон, затоа што е неоправдливо и минимизирање на геноцид, воени злосторства против ранети и болни, воени злосторства против заробеници, меѓутоа, наводноните воени злосторства или евентуалните кои се случуваат во Украина, дури сега за нив започна истрага, и од тие причини без правосилна судска пресуда со која што се утврдува конкретно воено злосторство од конкретна воена единица, кривичен прогон не е возможен вели Јанаки Митровски, адвокат.


Граѓаните секако можат да се гонат кривично кога би одобрување или оправдување на геноцид или воени злосторства кое е веќе утврдено.

На премер ако некој го оправдува и минимизира военото злосторство во Сребреница, кое што е утврдено со меѓународна правна пресуда од Трибуналот во Хаг, во тој случај би се нашол под прогон на ова дело кое што е казниво од една до пет години. Ако и за дескриминација, тогаш и под новиот квалификуван облик односно потешко се казнува вели Јанаки Митровски, адвокат.

Инаку, МВР и Обвинителство вчера преку соопштение ги предупредија граѓаните за содржината на статусите и коментарите кои ќе ги пишуваат на социјалните мрежи за инвазијата во Украина. Дури и со затворска казна до пет години доколку ги одобрувате или оправдувате воените злосторства во Украина. Надлежните ги следеле сите објави, но и повикаа за пријавување од страна на граѓаните доколку забележат несоодветни изјави.

Извор: Алфа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на амбасадори: Јазикот и историските прашања…

Советот на амбасадори, осврнувајќи се на постигнатите…

Ново поскапување?! РКЕ денеска одлучува за цените…

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува…

(Фото) Барајте алтернатива- Блокиран влезот на Скопје:…

Синдикалниот притисок за исполнување на нивните барања…

Метео: Сончево и многу топло време денеска…

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и…

Захарова: Нека побараат од Украина да им…

Британските власти треба да бараат од украинската…