Јане Ченто: Единствен излез од овој ќорсокак се брзи парламентарни избори!

t

Брзи избори се единственото решение за ситуацијата во која се наоѓаме моментално, смета Јане Ченто кој во Фејсбук статус го објаснува неговиот целосен став.

Го пренесуваме неговиот став во целост:

Мојот предлог – РЕФЕРЕНДУМСКИ ИЗБОРИ

Моментално имаме политичка криза и две крајно спротивни страни за иднината на Македонија.

🚩 Има само еден излез од тоа.

🚩 БРЗИ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ на есен.

❓Кој е мојот предлог за излез од оваа криза.

🤝Политичките партии треба да седнат на маса и да се договорат за предвремени избори.

🔴🤝🔵 ВМРО и СДСМ треба да се договорат, дека оној што ќе победи на изборите и ќе состави влада да биде поддржан од опозицијата во делот на преговарачката рамка.

🔴ВМРО е за промена на преговарачката рамка.

🔵СДСМ е за оваа преговарачка рамка.

✅ Тоа ќе бидат РЕФЕРЕНДУМСКИ ИЗБОРИ!

📕Пример 1: Доколку новата влада биде направена од ВМРО, во тој случај СДСМ да го поддржат предлогот за промена преговарачката рамка бидејќи НАРОДОТ им дал поддршка на политиките кои ги претставила ВМРО и да нема промена на Уставот.

📘Пример 2. Доколку новата влада биде направена од СДСМ, во тој случај ВМРО да го поддржат овој предлог на преговарачката рамка бидејќи НАРОДОТ им дал поддршка на политиките кои ги претставила СДСМ и да поддржат промена на Уставот.

Тоа е единствениот излез од оваа криза, инаку ќе треба да чекаме 2024 година кога повторно ќе биде истото на маса а ние веќе сме изгубиле време ✅

🔴🤝🔵 Договор меѓу ВМРО и СДСМ за избори⏩ предвремени избори ⏩ Поддршка за новата влада од страна на опозицијата во делот на преговарачката рамка.

Тие ќе бидат референдумски избори со оглед на двата спротивставени концепти за преговарачката рамка каде ќе биде ставен главен акцент заедно со економијата, правдата, здравството, енергетиката итн.

Живееме во години каде имаме најголеми општествени поделби во историјата на независна Македонија и тоа треба да запре ЧАС ПОСКОРО 🙏

Според мене тоа е излезот, партиите треба да му веруваат на народот дека најдобро знае за неговата иднина и затоа на тие референдумски избори народот ќе одлучи и за преговарачката рамка и за тоа кој ќе ја води Македонија во наредниот период.

Овој предлог е 100% сигурна опција на која нема да има бојкот од некој партија и нема да се губи време до 2024 година, бидејќи ќе излезат сите политички партии на избори и нема да има бојкот како што најавуваат од СДСМ за идниот референдум кој го најави ВМРО за кој мислам дека народот ќе го поддржи, но СДСМ нема да ја спроведе волјата на народот ПОВТОРНО.

Јас сум убеден и сигурен во македонскиот народ дека знае што треба да избере од тие два спротивставени ставови за преговарачката рамка и за иднината на Македонија.

Доколку СДСМ прифати да се оди на предвремени избори, ВМРО да се откаже од идејата за референдум.

Доколку СДСМ не прифати предвремени избори на ваква понудена опција за излез од политичката криза со тоа ќе паднат маските и ќе бидат делегитимирани пред народот и ќе станат власт што по секоја цена турка нешто за што народот е јасно против и дека само купуваат време до изборите во 2024 година.

Ние мора да се фокусираме за реалните проблеми со кои се соочуваат македонските граѓани а тоа е правда, економија, инфлација здравство……

Доколку бидеме заглавени до 2024 година само СО ОВОЈ проблем околку преговорачката рамка ние МНОГУ ГУБИМЕ како народ и држава.

Фокусот ќе биде само на тој проблем, а нема да зборуваме за апсолутно ништо друго, како што може да видите во јавноста по тв дебатите, вестите, само за тоа се зборува и за ништо друго.

Овој народ го интересира каква е правдата, какви се цените во продавница, колкава е платата, што може да се купи со платата, колкава е сметката за струја, колку се даноците кон државата, колку е цената на житото, грозјето, тутунот…..Го интересираат реалните проблеми со кој се соочуваат секој ден.

Да живее Република Македонија, стои во објавата на Фејсбук.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ни колку на попис ги нема, а…

Вкупно 181 граѓанин на Македонија се пријавени…

Јандриоски: Италијанците избраа Десница и лидер кој…

Коалицијата составена од партијата на Џорџа Мелони…

(Видео) “Падна” европското знаме во Рим: Клучни…

Италијанците денеска ќе гласаат на, како што се нарекуваат клучни избори,…

Десницата ја презема власта во Шведска: Досегашната…

Социјалдемократската премиерка на Шведска, Магдалена Андерсон го…

Партијата на Путин убедливо победи на изборите…

„Единствена Русија“ на последните избори за Градската…