Објавено на:

Јапонија не се откажува од рускиот гас

t

Јапонија ќе го задржи уделот во проектот Сахалин 2 за течен природен гас (ЛНГ) во Русија, бидејќи е клучен за енергетската безбедност, изјави премиерот Фумио Кишида.

Уделот на Јапонија во проектот, како и други слични инвестиции во Русија, се најдоа под лупа поради кризата во Украина. Бројни западни нафтени и гасни компании најавија повлекување од руските проекти поради руската инвазија на Украина, пренесе Ројтерс.

Јапонија ги заостри санкциите кон Русија, но владата во Токио во повеќе наврати истакна дека рускиот течен гас е клучен за енергетската безбедност на земјата.

„Јапонија има удел во Сахалин 2, кој придонесува за сигурно долгорочно, стабилно и евтино снабдување со ЛНГ. Овој проект е исклучително важен за енергетската безбедност на Јапонија“, рече во четвртокот премиерот Кишида.

„Нашата политика не е повлекување“, рече Кишида, додавајќи дека неговата влада ќе продолжи да бара начини да ја намали зависноста на Јапонија од руските енергетски извори.

Водечките јапонски трговски компании Митсуи и Мицубиши корп поседуваат 12,5 отсто односно 10 отсто од акциите во проектот Сахалин 2. Британско-холандскиот енергетски гигант Шел, кој поседува 27,5 отсто од акциите, најави повлекување.

Русија сочинува четири отсто од увозот на сурова нафта во Јапонија и девет отсто од увозот на ЛНГ и е важен снабдувач со енергија за Јапонија, сиромашна со ресурси, особено по намалената употреба на нуклеарната енергија по несреќата во нуклеарната електрана Фукушима во 2011 година, потсетува Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Регионот во шок: Познато како таткото монструм…

Девојчето (2) кое во Вршац беше убиено…

(Фото) Илон Маск ја опцу украинската Рада:…

Илон Маск на неговиот Твитер профил реши…

Нагло се зголемила продажбата на антидепресиви во…

Продажбата на антидепресиви во руските аптеки се…

Историски момент за Русинката Ана Кикина: Стана…

Руски астронаут првпат по 20 години полета…

(Видео) Јакимовски до Мицкоски: Кој сакаше да…

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски вели…