Ја киднапирал поранешната партнерка, ја удирал со тупаници и клоци и продолжил откако си ги пресекла вените

t

Битолчанец ја киднапирал својата поранешна партнерка, ја држел затворена во викенд куќа каде ја тепал со тупаници и клоци и продолжил откако си ги пресекла вените со нож.

Насилството се случило во октомври 2024 година, а против четириесетгодишниот насилник е поднесено обвинение, но тој е веќе во бегство.

-На 21 октомври 2024 година, обвинетиот при семејно насилство и на свиреп начин противправно на сила ја држел затворена својата поранешна партнерка во викенд-куќа во атарот на селото Нижеполе. Притоа ја удирал со тупаници, шлаканици и клоци по главата и телото, ја влечел за косата и телесно ја повредил. Неможејќи да го издржи насилничкото однесување, жртвата посегнала по нож и си ги пресекла вените на левата рака. И покрај тоа, обвинетиот продолжил да ја удира и да ја малтретира – соопшти Обвинителството.

Од самиот почеток на кривичната постапка, по предлог на јавниот обвинител, на обвинетиот му била определена мерка притвор која треба да започне да спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Со поднесеното обвинение сега, обвинителството бара притворската мерка да опстои, иако лицето се уште е недостапно за органите на прогонот. Јавниот обвинител веќе издал наредба за распишување на национална потерница и ги презеде сите дејствија неопходни за евентуална екстрадиција на лицето доколку се утврди дека се наоѓа во друга држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја киднапирал поранешната партнерка, ја удирал со…

Битолчанец ја киднапирал својата поранешна партнерка, ја…

Најмалку петмина ранети во пукање во училиште…

Училиште во шведскиот град Оребро во моментов…

Здружението на јавните обвинители најостро го осудува…

Здружението на јавните обвинители најостро го осудува…

Повеќе од 4.000 осуденици во Холандија се…

Повеќе од 4.000 осуденици во Холандија не…

Синдикатот на затворската полиција со отворено писмо…

Синдикатот на затворската полиција и администрација при…