Јовановиќ: Левица стана екстремна десница

Истражувачот Бранимир Јовановиќ, кој последните години е ангажиран во престижниот Виенски институт за меѓународни економски истражувања, во интервју за емисијата “Во Ценатар” го коментираше политиките на партијата Левица во која своевремено бил и основач.
Според Јовановиќ, идејата на Левица се потрошила за време на референдумот, кога тие излегоа со националистички ставови.
“Партијата Левица денеска во Македонија е екстремна десница. Тие се националистичка партија, иако имаат и социјалистички моменти”, изјави Јовановиќ во интервјуто кај Васко Ефтов.
За односите во Левица, Јовановиќ нагласи дека Апасиев се востоличил за претседател, ги сменил логото и статутот, и според него, единствено не го сменил името на партијата.
“Треба и тоа да го направи, треба Левица за да ја прекрсти во Десница и ќе има партија каква што му доликува”, коментира Јовановиќ за Апасиев во емисијата “Во Центар”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Немаше да има двојазични полициски униформи без…
Двојазични полициски униформи немаше да има без…
Без конкуренција, Левица е најтранспарентна парламентарна партија…
Левица е пример за финансиска транспарентност и…
Апасиев: СДСМ пропаѓа, тоа ми се допаѓа
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, уште еднаш…
(Видео) Мицкоски нема да формира влада по…
Дури и да победи ВМРО-ДПМНЕ на следните…
Кој ќе “лапне” станче? Муцунски ќе му…
Тимчо Муцунски ќе биде запаметен како градоначалник…