Јовановиќ: Левица стана екстремна десница

Истражувачот Бранимир Јовановиќ, кој последните години е ангажиран во престижниот Виенски институт за меѓународни економски истражувања, во интервју за емисијата “Во Ценатар” го коментираше политиките на партијата Левица во која своевремено бил и основач.
Според Јовановиќ, идејата на Левица се потрошила за време на референдумот, кога тие излегоа со националистички ставови.
“Партијата Левица денеска во Македонија е екстремна десница. Тие се националистичка партија, иако имаат и социјалистички моменти”, изјави Јовановиќ во интервјуто кај Васко Ефтов.
За односите во Левица, Јовановиќ нагласи дека Апасиев се востоличил за претседател, ги сменил логото и статутот, и според него, единствено не го сменил името на партијата.
“Треба и тоа да го направи, треба Левица за да ја прекрсти во Десница и ќе има партија каква што му доликува”, коментира Јовановиќ за Апасиев во емисијата “Во Центар”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гоце е сè уште жив меѓу нас…
Денес, официјална делегација на Левица, составена од…
Левица од Атина: Грција и Бугарија мораат…
Грција и Бугарија мора да ја признаат…
Левица ќе излезе на протест доколку се…
Провокациите од бугарска страна не престануваат! Најнова…
(Видео) Ноќна стража на гробот на Гоце:…
Левица официјално ја поддржува иницијативата за чување…
Приватизација на ХЕЦ Тиквеш е национално предавство!
Приватизација на ХЕЦ Тиквеш е национално предавство,…