Објавено на:

Јотова: Нема причина да го тргнеме ветото, ниту да го признаеме пописот во Македонија

t

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова не гледа причина во оваа фаза да се укине ветото за почеток на преговорите со ЕУ со Деверна Македонија. Таа ова го изјави во ексклузивното интервју за емисијата „Брисел 1“ на Bulgaria ON AIR по нејзината посета на Битола и Охрид пред неколку дена.

Таму Јотова присуствуваше на отворањето на Културниот клуб Иван Михајлов и се сретна со локалните Бугари. Потпретседателката на Бугарија истакна дека указите за бугарско државјанство издадени на луѓе од Северна Македонија само од 2007 година наваму се 85.000.

-Овие луѓе со документи го докажале своето бугарско потекло. Во таа насока, таа го коментираше пописот во Северна Македонија, според кој само 3.500 лица се регистрирани како Бугари во земјава, а резултатите се уште не се излезени во странство.

„Бугарија има 5 услови за РСМ, кои се поставени одамна, дури и кога стана јасно дека ништо не е сменето од потпишувањето на Договорот за добрососедство. Има 18 состаноци на Заедничката историска комисија и нема ниту една наредба да се менуваат текстовите во учебниците во РСМ“, изјави Јотова.

„Неодамна буквално беше скршен споменик на бугарски офицер. Неколку пати беше кршен, неколку пати беше исмејуван. Во 1903 година беше повикан во Македонија да помогне во борбата против Турците, тој беше убиен од Турците“, додаде таа.

Јотова ќе изрази категоричен став кога ќе бидат објавени резултатите од пописот во Македонија. Во оваа фаза таа не гледа причина да го признае пописот.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се јави и Трифонов: Што е до…

Претседателот на бугарската партија „Има таков народ“,…

Полска ја тужи ЕУ за одземање на…

Полска поднесе тужба до Европскиот суд на…

Ќе влеземе во ЕУ “мало сутра”: Трифонов…

Новото Народно Собрание треба веднаш да го…

На Бугарија и “снема” скоро 845.000 државјани…

Според податоците од последниот попис, за десет…

Да се одземе моќта на “големата петорка”:…

Турција предлага да се укине правото на…