Јотова: Ситуацијата со Македонија е комплицирана, секој што мисли дека работата е завршена е прилично наивен

t

Потпретседателката на Република Бугарија Илијана Јотова им се заблагодари на партнерите од Франција, кои ја разбрале бугарската позиција и придонеле во преговарачката рамка, вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата да се случи пред на вистинскиот почеток на преговорите.

Јотова ја оцени ситуацијата со Македонија како комплицирана и посочи дека секој што мисли дека работата е завршена мора да биде прилично наивен.

„Во лето не работат европските институции, но од есен ќе почне процесот. Отсега ќе има неколку инспекции од Европската комисија, неколку извештаи од евалуацијата на Советот, каде Бугарија ќе мора секој пат да потсетува на својот став“, вели Јотова.

„Но, по сето тоа што се случи – по овој многу тежок преговарачки процес, со бројни средби, разговори и дијалог, мислам дека Европската комисија и земјите во Советот ќе бидат доволно внимателни. Никој нема корист од враќањето на работата на почетна позиција. Најмалку нашите соседи од Македонија, затоа што тие треба да бидат дел од европското семејство“, изјави потпретседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова во утринската програма на БНТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Владата на СДСМ ги обнови речиси…

„Штип и македонскиот исток многу добро знаат…

МВР со полни раце работа: 154 санкции…

 Во текот на вчерашниот ден (26.11.2022) продолжија…

(Видео) ГОЛЕМ ПОЖАР во рафинерија за нафта…

На социјалните мрежи се појави снимка од…

Целта на Северна Кореја е да стане…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повторно се…

Ковачевски: Мојата енергетска визија е да бидеме…

„Мојата енергетска визија е да бидеме европски…