Јотова стана миротворец: Се залага за преговори меѓу Русија и Украина

Бугарскaта потпретседателка Илијана Јотова се залага за преговори меѓу Русија и Украина, велејќи дека во спротивно постои ризик од сериозна ескалација.
„Ситуацијата станува поопасна и пострашна. Претседателот Румен Радев и јас повторуваме дека земјите треба да седнат на преговарачка маса“, рече потпретседателката, цитиранa од Бугарското национално радио (БНР).
Според неа, распоредувањето на повеќе оружје во земјите води до „непредвидливи одлуки“. „Се надевам дека ќе надвладее здравиот разум“, додаде Јотова.
Русија претходно испрати нота до земјите од НАТО поради испораката на оружје за Украина. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека секој товар што содржи оружје за Украина ќе стане легитимна цел за Русија. Министерството за надворешни работи на Руската Федерација соопшти дека земјите од НАТО „играат со оган“ со тоа што и доставуваат оружје на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јотова стана миротворец: Се залага за преговори…
Бугарскaта потпретседателка Илијана Јотова се залага за…
Хрватски воен аналитичар: Дронот кој падна во…
Денеска се случила експлозија во градот Киреевск…
Вучиќ ја продаде куќата: Америка ќе биде…
Србија успеа да го издржи притисокот од…
Украински дрон експлодираше на 250 километри од…
Во областа Тула во Русија, недалеку од…
Борел се закани со нови санкции: Ако…
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика…