ЈП Градски паркинг било претворено во партиски штаб на Демократскиот Сојуз: Во претпријатието се вдомиле речиси сите функционери

t

ЈП Градски паркинг со години било оставено како штаб на сателитот на СДСМ, Демократски сојуз на Павле Трајанов. Денеска повторно ќе се послужам со податоци од свиркачи, коишто точно потврдуваат дека власта е одлепена од реалноста, но и зошто Демократскиот Сојуз е верен партнер на СДСМ – ДУИ, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Демократскиот Сојуз со години на подарок од СДСМ – ДУИ го имаше ЈП Градски паркинг, јавно претпријатие коешто било претворено во своевиден штаб на Демократскиот Сојуз, каде што се вработувале и се користеле привилегии, но и се тргувало со влијание.


Ова ЈП со пари од граѓаните ги вдомило речиси цело претседателство на Демократскиот сојуз, нивните роднини, деца, брачни партнери, па и внуци и други роднини.

За почеток, Владимир Кроневски, најчесто споменуваното име при аферата „бесплатен паркинг за функционери од власта“:

Кроневски е помошник директор, а е член на претседателството на Демократскиот сојуз. Таму е вработена сопругата на Кроневски, Катерина, како самостоен референт. Кумот на Кроневски, Дејан Лазаревски, советник од СДСМ во Карпош, и е вработен како стручен соработник. Кумашинката на Владимир Кроневски, Наташа, е вработена исто така во Градски паркинг, истакна Стоилковски и додаде:

„Не останал покус ниту Павле Трајанов претседател на Демократскиот сојуз . Раководител на внатрешна контрола- роднина на Павле Трајанов- Даниел Ефтимов. Стручен Соработник за планирање, Ѓорѓи, братот на Даниел воедно роднина на Трајанов. Славчо Јованов, помлад референт, роднина на Павле Трајанов. Петар Василов, кумашин на Павле Трајанов. Филип Антовски, близок соработник на Павле Трајанов. И секако Славче Јовановски уште едно име од списокот за повластени неплаќачи на паркинг, односно луѓе кои што овозможувале функционери од власта да паркираат.

Почитувани листата е долга, листата на вработени високи функционери и роднини на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, исто како што е долга и листата на неплаќачи, повластени за паркирање во Скопје.

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, годините верност на СДСМ, ги наплатува од Вас, од паркирање, од буџет, а ЈП Градски паркинг го претвориле во своевиден партиски штаб, со привилегии за телефони, службени возила, трговија со влијание.

Почитувани, ова е веројатно најголемата причина што Павле Трајанов и Демократскиот сојуз се уште се нем привезок на СДСМ и ДУИ“.

Прашање: Став во однос на обвинувањата од СДСМ за најавата за нови автобуси и нови проекти од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски?

Одговор: Почитувани, ние нема да прашуваме зошто Зоран Заев и во кое својство се фали со минималната плата, иако веќе Зоран Заев не е премиер. Нема да го поставиме тоа прашање затоа што е совршено јасно дека Димитар Ковачевски е пиунот преку кој што Зоран Заев продолжува да ја краде и да ја уништува државата.

Но затоа ќе одговориме дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најавува проекти меѓу кои и за мега набавка на најмалку 100 електрични автобуси, како човек кој што ја доби мнозинската поддршка од народот на последните избори и како лидер на ВМРО-ДПМНЕ која што држи до зборот и до ветеното. Ја разбираме нервозата во СДСМ која што целата енергија, кога веќе има целосно отсуство од работа во институциите под нивна контрола, и таа енергија ја насочува кон деструкција и дезинформации.

Одговорна партија досега ќе излезеше и ќе го поздравеше проектот со којшто ќе се преполови загаденоста на воздухот во Скопје. Но, жално е што СДСМ е против набавка на најмалку 100 нови електрични автобуси, преполовена загаденост на воздухот во Скопје и СДСМ е против фабрика со 500 нови вработувања. Тие градеа хациенди дивоградби и местат тендери, ВМРО-ДПМНЕ прави промена и создава иднина. Нека продолжат да напаѓаат, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кампања „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите”…

В.д. директорот на ЈП Градски паркинг –…

Се скарале па довршиле со тупаници: Тепачка…

Основното јавно обвинителство – Гостивар поднесе обвинителен…

Поефтинуваат паркинзите во Скопје – Ова се…

Во соопштение до медиумите ЈП Градски паркинг-…

Арсовска го исполни ветувањето: Драстично намалени цените…

На денешната седница на Советот на Град…

(Фото) Ѓорѓиевски: Започнува изградба на паркинг на…

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…