ЈП “Паркови и зеленило”: Невремето откорнало или оштетило околу 120 дрвја

t

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ после вчерашното невреме интервенирале на над 34 локации и констатирале дека вкупно 119 дрвја паднале или биле оштетени поради силниот ветер и електричните празнења.

– Во текот на вчерашниот ден од 17 до 24 часот добивме 77 пријави за различни локации и паднати 119 дрвја во градот без оние во Градскиот парк. Од утрово на терен се присутни работниците од Секторите: Дрвореди, Градско зеленило, Вонградско зеленило и Механизација кои работат на повеќе локации се до целосно расчистување и нормализирање на градот. Моментално се работи во Чаир, Топанско поле, Карпош, Партизанска, Аеродром , кај Собрание на Град Скопје и продолжуваме понатаму каде има потреба од наша интервенција. Пријави за паднати дрвја добиваме и во текот на денешниот ден така што нашите екипи се организираат и работат по приоритет се до расчитување на сите локации – стои во објавата на ЈП „Паркови и зеленило“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да беше Ленин – Сталин со Квиско…

Да беше Ленин Сталин во 2018-та ќе…

Болна работа: Малолетник од Скопје силувал малолетничка

Денеска (28.11.2022) во 02.20 часот, полициски службеници…

Лишени од слобода крадци од Скопје

По преземени оперативни мерки и активности од…

Денеска во центарот на Скопје се отвара…

Денеска во Скопје со церемонија која ќе…

Што се случува со децата? Скопјанец прјавил…

Жител на Скопје вчеравечер пријавил дека неговиот…