ЈСП: Донесена е одлука за зголемување на платите, најавениот протест е политички мотивиран

Во врска со најавеното излегување на протест од страна на Независниот синдикат во ЈСП Скопје, сакаме да информираме и укажеме дека ваквиот вид политички мотивирани дејствија се неприфатливи и штетни за целокупното работење на претпријатието и на штета на граѓаните, корисниците на јавниот превоз, стои во соопштението на ЈСП.
Од таму велат дека јавноста и вработените треба да бидат информирани дека Управниот одбор на ЈСП Скопје на 19.04. 2022 год ги прифати барањата на Независниот синдикат со Одлука за линеарно зголемување на платите во износ од 2800,00 денари.
– Поради ова ги осудуваме ваквите дејствија и апелираме дека со политички мотивирани манипулации поттикнати од центри на политичка моќ нема да се допринесе кон развој и унапредување на статусот на вработените во ЈСП Скопје, туку, напротив ќе доведат до непоправлива штета која негативно ќе влијае врз работните процеси и статусот на вработените во претпријатието, како и за граѓаните воопшто, се додава во соопштението на ЈСП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лазаров: Мораме да ја победиме Гвинеја
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров…
Илире Даути очекува Гаши да го укине…
„Илире Даути очекува претседателот на Собранието Африм…
Со хебла и пиштол се заканувал во…
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за…
Турција со стимулации за граѓаните да имаат…
Турција, исто така, се соочува со низок…
(Видео) Илјадници протестираа против Трамп во Вашингтон…
Неколку илјади луѓе се собраа во Вашингтон…