Љупка од инфлуенсерка стана директорка, и кумашинот на Заев влегува во бизнисот со струја

И кумашинот на поранешниот премиер Зоран Заев, Горан Митров – Гна, влегува во бизнисот со електрична енергија, пренесува „Фактор“, додавајќи дека струмичкиот бизнисмен ја регистрирал компанијата „Грин Енерџи Гна“ во Сушица, Општина Ново Село.
Минатиот месец Гна започна бизнис со млеко, а истовремено формираше и фабрика за одгледување канабис, исто така во Сушица.
За управител на новата фирма за струја, пак, е поставена неговата ќерка, некогашната инфлуенсерка Љупка Митрова.
Покрај Гна, во бизнисот со електрична енергија, како што тоа своевремено беше со канабисот, влегоа и други блиски лица на Заев. Компании за производство на електрична енергија формираа и негиовиот син Душко Заев и братот Вице Заев, а големи амбициозни потфати со соларните централи имаат неговите бизнис-партнери – синот Горан Крстев и таткото Симеон Крстев
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИСТОРИСКИ ДОГОВОР: УБС се согласи да ја…
Банката „Ју-Би-Ес“ (УБС) се согласи да ја…
Герасимовски ја донираше платата за лекување на…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски ја…
Понесете чадор: Утре нè очекува обилен дожд
Под влијание на циклонска активност утре времето…
Дваесетгодишното момче кое почина по апсење во…
Од преголема количина кокаин починало 20-годишното момче…
Скопјанец тешко повреден откако паднал од мопед
На 19.03.2023 во 20.20 часот во СВР…