Њу Делхи како да е во Македонија: Три дена гори огромна депонија

Индиските пожарникари се уште се борат со огнот што избувна пред три дена на огромна депонија во Њу Делхи.
Отпадот што гори е висок 60 метри, а густиот чад дополнително го влошува атмосферското загадување.
Њу Делхи со над 20 милиони жители има потреба од современа инфраструктура за отстранување на секојдневните 12.000 тони отпад.
Гаснењето на пожарот е отежнато и поради високите температури на воздухот. Индиските метеоролозите за денеска предвидуваат температурата на воздухот во Њу Делхи да се искачи и до 46 степени Целзиусови. Властите им препорачаа на чувствителните лица да останат во своите домови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарникар повреден при гаснење на пожар во…
Пожар настанал вчера вечерта околу 20 часот…
Нова трагедија во Србија: Двајца мажи изгореа…
Две лица загинаа во пожар што рано…
Пожарникар се повреди при гаснење пожар во…
Во текот на вчерашниот ден, при настанат…
Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница…
Денеска во 10 часот во Основниот суд…
Се запали автомобил во движење во близина…
Автомобил во движење се запали денеска на…