Ќе биде кога, тогаш: Внатрешната контрола на МВР работи на случајот со примање поткуп на Блаце

t

За полициски службеници кои направија кривично дело во однос на поткупот се поднесени соодветни кривични пријави, вели Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со тоа дали се суспендирани од работа полициските службеници од ГП „Блаце”, за кои се поднесени кривични пријави за поткуп.

– За тоа постојат правилници, постојат упатства како и на кој начин ќе се користи опремата и секако дека покрај дисциплинската ќе има и материјална одговорност во овој дел. Ние известуваме и надлежно обвинителство кое што работи, а тоа е Одделението во ЈО за организиран криминал. Доколку се утврди дека има елементи на сторено кривично дело ќе одговараат и кривично тие полициски службеници коишто го сториле тоа кривично дело. Меѓутоа, мора да се знае точно да се утврди и оние коишто направиле и материјална штета на МВР да си ја покријат таа материјална штета, истакна министерот Спасовски .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите полициски службеници кои се погрижија за…

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, соопшти…

Не го преболеа тој ден – Демерџиев:…

МВР напредува со собирање информации за Бугарите…

Чепна кај што не треба: МВР во…

Во текот на вчерашниот ден, Бугаринот Виктор…

МВР најостро ги осудува лагите дека бугарска…

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира…

МВР ја затвори за сообраќај „Самоилова“ кај…

МВР соопшти дека од денеска се воведува…