Ќе влезат побрзо од нас? Косовскиот државен врв денеска ќе потпише барање за членство на Косово во ЕУ

t

Претседателката на Косово. Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и претседателот на Собранието Глаук Коњуфца денеска ќе го потпишат писмото за барање за членство на Косово во ЕУ, јавуваат Репортери.


Како што се наведува во соопштението на Претседателството на Косово, церемонијата на потпишување ќе се одржи во 11:00 часот во Кабинетот на претседателот, по што ќе следуваат изјави за медиумите.

Косовскиот премиер Албин Курти вчера на седница на Владата најави дека Косово неделава ќе поднесе барање за членство во ЕУ.

Курти рече дека Косово има место во таа организација.

„Пред една недела, на самитот во Тирана, во заедничка изјава ЕУ повика на забрзан процес за членство. Значи, нашата апликација за ЕУ ​​одговара на ветувањето што ЕУ му го даде на регионот за членство од самитот во Солун во 2003 година, но и на одговорот даден пред една недела во Албанија. ЕУ е земја на мир, еднаквост и просперитет, затоа и Република Косово природно има свое место во оваа заедница како мирна и демократска земја“, рече Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ масовно инвестира во одбраната

Лидерите на Европската унија на самитот во…

Лидерите на ЕУ и земјите од регионот…

По повод трагичниот пожар во дискотеката во…

ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…

Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…

Германија праќа 300 војници на Косово во…

Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…

Косово ќе склучи договор за одбрана со…

Владата на Косово, иако во технички мандат…