Објавено на:

,,ЌЕ ИМ ДАДЕМЕ ПАРИ АКО ОДАТ НА СУД”: Бугарија ќе им плаќа на македонските Бугари да ја тужат Македонија

t

Повеќето од нив можеби немаат финансиски или други средства сами да го направат тоа. Мора да се охрабрат и да се чувствуваат поддржани, рече бугарскиот министер за надворешни работи.

Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, во интервју за бугарската национална телевизија, изјави дека постои ескалација и зголемување на тензиите со Македонија.

– Во последните месеци бевме сведоци на разни дејствија кои се непријателски и неусогласени со разбирањето и договорната основа. Топката е на нивен терен. Немаат рок за спроведување на „францускиот предлог“. Кога ќе го исполнат, тогаш ќе се отвори првата фаза од преговарачкиот процес – изјави Милков.

Тој додаде дека Бугарија е подготвена финансиски да им помогне на граѓаните со бугарска самосвест во Македонија во правната битка што би ја воделе пред домашните и меѓународните судови.

– Ние сме подготвени да соработуваме со луѓето со бугарска самосвест во периодот кога тие ќе поднесат жалби до судовите во Македонија и до европските судови. Повеќето од нив можеби немаат финансиски или други средства сами да го направат тоа. Мора да се охрабрат и да се чувствуваат поддржани – рече Милков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

,,ЌЕ ИМ ДАДЕМЕ ПАРИ АКО ОДАТ НА…

Повеќето од нив можеби немаат финансиски или…

Груевски беше преголем за овој народ: Направи…

Груевски придаваше вредност на секоја пора од…

(Видео) Бербок на Мицкоски му кажала дека…

За целата ситуација во опозицијата јас го…

Неовластено поставил 50 лежалки и 25 чадор…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(65)…

(Видео) Каде е опозицијата да реагира за…

Во денешната епизода на "Тешки муабети" со…