Ќе им донесе ли среќа? Макрон оди во Катар да ги бодри фудбалерите

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе пристигне во Катар за да присуствува на натпреварот меѓу француската и мароканската репрезентација, изјави француската министерка за спорт Амели Удеа-Кастера за радиото „Франс Инфо“.
– Деталите за патувањето се уште се разработуваат, но тој ја презеде оваа обврска и ќе ја исполни со задоволство, рече министерката.
Франција синоќа ја победи Англија со 2:1 во четвртфиналето на Светското првенство во 2022 година.
Во полуфиналето Франција ќе игра против Мароко. Мечот се игра во среда на 14 декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лекорни: Франција ќе ја користи каматата од…
Франција ќе ја искористи каматата од замрзнатите…
Полска „сериозно разговара“ со Франција за да…
Полска ќе бара пристап до нуклеарно оружје…
Кремљ: Франција сака војна, не мир
Изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за…
Франција ќе ѝ доставува разузнавачки информации на…
Франција денеска соопшти дека ќе продолжи да…
Рекордна заплена на речиси 10 тони кокаин…
Речиси 10 тони кокаин се запленети викендов…