Ќе не прават Бугари: Бугарскиот универзитет “Св. Кирил и Методиј” ќе отвори катедри во Свети Николе

t

Бугарската влада денеска му одобри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Велико Трново да отвори катедри во Свети Николе.

Според најавите од Софија, на катедрите ќе се подготвуваат студенти за магистратура од областите на Филологијата, Науки за земјата и Информатиката и компјутерски науки.

– Овие области се избрани во согласност со потребите на регионот од висококвалификувани специјалисти за одредени професии, соопшти бугарската Влада.

Наставата ќе се изведува на англиски јазик, а дипломата ќе гласи дека е издадена од Универзитетот во Велико Трново. Отворањето на катедрите е на иницијатива на ректорот на Великотрновскиот универзитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Руските воздушни сили погодија Универзитет во…

Русија продолжува со нападите во Украина како…

УКИМ продуцирал 134.600 високостручни кадри, над 13.800…

За 73 години постоење На денешен ден…

Во македонската тајна служба ќе се вработуваат…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ)…

Пукање во германски универзитет, има повредени

Вооружен маж денеска отвори оган во германска…