Ќе се активира ли генералниот штрајк повторно? Последна средба меѓу СОНК и МОН денес на “зум”

t

Последна средба меѓу СОНК и МОН: Ќе има ли договор за повисоки плати на просветарите?

Денеска ќе се одржи последната средба меѓу Синдикатот за образование, наука и култура и Министерството за образование. Информацијата ја сподели првиот човек на Синдикатот, Јаким Неделков преку социјалните мрежи.

Денес во 18 часот, на ZOOM апликација ќе се одржи последната работна средба меѓу СОНК и МОН закажана од овластениот помирувач. За исходот од преговорите ќе бидете благовремено информирани преку Соопштение за јавноста, објави Неделков на Фејсбук.

Претходно, двете страни соопштија дека напредок има, но тој е бавен. Членството на Синдикатот ја одби последната понуда на Владата за зголемување на платите за 12 отсто. Наставници протестираа пред седиштето на СОНК и бараа од Неделков да не отстапува од првичното барање, а тоа е зголемување на платите за 18,4 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МОН: Семејствата на повредените кои се наоѓаат…

Министерството за образование и наука информира дека…

„Вие сте одговорни, од вас зависи“ порачаа…

Пред Министерството за образование на Србија се…

МОН дава финансиска поддршка за студирање на…

Студентите кои ќе се запишат на додипломски,…

Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара…

Упад во системот на електронскиот дневник, кој…

МОН: Нови конкурси за сместување во студентските…

Министерството за образование и наука известува дека…