Ќе се дислоцира Центарот за зависници во Кисела Вода, а кај Расадник нема да никне бетонско чудовиште – Ѓорѓиевски доследен до ветенот најави крај на урбаната мафија

t

Граѓаните на Кисела Вода пријавија над сто нерегуларности во донесените Детални Урбанистички Планови. Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најавува дека е започната постапка за дислокација и уривање на Центарот за зависници и дека на тоа место ќе развива локален туризам, а до крајот на овој месец ќе се распише меѓународен конкурс за простортот кај Расадник, пренесува Вечер.

На 31 јануари истече рокот што им го даде градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на граѓаните за да достават конкретни забелешки од донесените детални урбанистички планови во рамки на проектот „Стоп за урбаната мафија”, кој започна пред еден месец. Ѓорѓиевски за весникот ВЕЧЕР вели дека се пристигнати над сто пријави за нерегуларности во донесените ДУП-ови, кои претходно беа извадени од фиока, дигитализирани и ставени на увид на граѓаните.

– Интересот е изненадувачки голем. Најголеми забелешки има во делот на Црниче и на Пржино, каде што жителите побараа зелени површини, а на тие места, се издавале маркици за изградба на колективни згради со намена А2, како и за куќи со по осум, па и повеќе станбени единици. Интересно е дека граѓаните беа прилично конкретни и, покрај забелешките, дадоа и предлози и идејни решенија околу урбанистичкото уредување на одредени локации во Општината. Сево ова ќе биде разгледано и за нас, како раководство, многу ќе помогне да постапуваме согласно со Законот и да им излеземе во пресрет на жителите и нивните потреби – нагласува Ѓорѓиевски.

Тој е дециден дека нема да се издадат нови одобренија за градење згради во Пржино и во Црниче и дека е стопирано градењето околу чешмата „Света Петка“, кај народот локација попозната како Балаклија, каде што во зеленилото биле предвидени пет градежни парцели со намена станбени куќи со висина од 10,20 метри.

Општината започна и постапка за дислокација и уривање на Центарот за зависници, како што иницираа 1.100 граѓани на Кисела Вода.

До крајот на овој месец, Општина Кисела Вода ќе распише меѓународен конкурс за конечниот изглед на населбата Расадник. Градоначалникот Ѓорѓиевски вели дека конкурсот е подготвен, но ликот ќе го избираат самите жители на Општината.

Целото интервју прочитајте го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска Давкова: Време е за храбар чекор…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во годишното…

Хрватските газди бараат магационери „под дрво и…

Хрватските газди моментално бараат повеќе од 2.000…

Мојсоска: Дали професорката по уставно право ќе…

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку објава…

Радост во Скопје ЗОО: Две нови бебиња…

Од Зоолошката градина Скопје денеска објавија дека…

Застрашувачки вести од Харков: Повеќе од пола…

Русија го нападна енергетскиот систем на Украина…