Ќе се скрати ли изолацијата? Кризниот штаб одлучува неделава

t

На почетокот на неделава се очекува да биде познато дали изолацијата ќе биде скратена од десет на седум дена. Препораката ја донесе Комисијата за заразни болести, а според најавите, се очекува таа денеска да се најде на разгледување пред Главниот кризен штаб, а во вторник да биде на владина седница.

Министерот за здравство Беким Сали во петокот изјави дека во следниот период ќе се следи состојбата со новозаразените и соодветно на тоа ќе се носат препораки и одлуки. Засега, според неговата изјава, болничките капацитети не се целосно исполнети и далеку сме од потребата одредена клиника да се пренамени во ковид центар.


Ковид сертификатите, кои некои земји веќе најавија дека ќе ги укинат, засега остануваат во државава. Според министерот, се уште е рано да се зборува за укинување на овие сертификати затоа што нивото на вакцинација кај населението во земјава е многу помало во однос на другите држави.

Бројките за новозаболени во земјава покажуваат дека во изминатите 24 часа се регистрирани 1.424 случаи од направени 5.604 тестирања. Од вкупниот број позитивни се регистрирани 214 реинфекции.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во изминатите 24 часа се регистрирани 1.083 оздравени пациенти и 15 починати.

Досега во земјата се направени вкупно 1.746.689 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.281, бројот на оздравени пациенти е 227.492, на починати е 8.218, а бројот на активни случаи изнесува 20.571.

Соседна Грција за уште две седмици ги продолжи актуелните правила за влез во државата што значи дека и понатаму е потребен негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето за сите патници независно дали се вакцинирани или не. Новата одлука ќе важи до 7 февруари. Нема промени и во однос на невакцинираните патници од 16 земји меѓу кои и од Северна Македонија, кои освен негативен тест пред патувањето, потребно ќе биде да добијат и негативен тест на самата граница при задолжителното тестирање од грчките власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО: Ковид-19 продолжува да се шири и…

Светската здравствена организација (СЗО) очекува „високо ниво“…

Конечно, после година и пол: Укината кризната…

По повеќе од година и пол дена,…

Важна вест ако патувате во Грција: На…

Стапката на позитивност на грчките острови Миконос…

Лоши вести од Беќаровски: Бројките на новозаразени…

Докторот од Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски…

Лоши вести, короната се враќа: Зголемен број…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…