Ќе се снимаат холивудски филмови во Скопје – Џон Малкович ќе гради филмски студија

Познатата американска филмска ѕвезда Џон Малкович најави дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови, веднаш откако ќе се изградат повеќе филмски студија во околината на градот во рамки на проектот „Скопје технолошки парк“.
– Би сакал да ги поздравам моите македонски пријатели и да ви кажам колку сум возбуден што ќе соработувам со своите колеги професионалци Д.В. Мафет и Мет Дилон на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје. Прво студио од ваков тип на целиот Балкан, изјави Малкович за МРТ.
Тој најави дека ќе го посети Скопје веднаш откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк“.
-Решивме да го наречеме проектот „Стоунбриџ студија“ во чест на богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ, истакна Малкович.
Порача дека како балканец по потекло му придава специјално значење на овој проект.
– Возбудени сме не само затоа што ќе работиме и ќе снимаме холивудски филмови во Скопје, туку ќе помогнеме уште повеќе да се зајакне балканскиот филм, како и музичките и уметничките заедници на секој можен начин. Цврсто верувам дека проектот ќе биде од клучно значење за земјата и ргионот, рече Џон Малкович.
Тој деновиве е во посета на Србија, кеде што вечерва во Феликс Ромулијана, римско наоѓалиште покрај Зајечар, ќе глуми во претставата „Пеколна комедија – исповед на серискиот убиец“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…
Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…