Ќе треба ли да ѝ воведеме визи на Србија?! Холандија бара да се укине безвисниот режим додека земјата не воведе санкции за ЕУ!

t

Претставничкиот дом на Холандија на 8 декември усвои резолуција со која се повикува нејзината влада да се заложи во Брисел за привремено суспендирање на безвизниот режим за Србија, доколку Србија не се усогласи со визните и надворешната политика на ЕУ.

Како што пренесува European Western Balkans, предлогот имал поддршка и од владејачката коалиција и од пратениците од опозицијата. Истиот го поднесоа двајца пратеници од двете најголеми партии на владејачката коалиција, Јеорен ван Вајнхарден од Народната партија за слобода и демократија (ВВД) и Сјорд Сјордсма од партијата Демократи 66. Но, предлогот беше поддржан и од претставникот на опозициската Социјалистичка партија (СП), Јаспер ван Дијк.

Пратеникот Јеорен ван Вајнхарден на Твитер сподели дека неговиот предлог добил поддршка од Претставничкиот дом на холандскиот парламент.

„Долниот дом го поддржува нашиот предлог за построг пристап кон Србија доколку претседателот Вучиќ не ги поддржи санкциите против Русија. Прекинувањето на процесот на пристапување на Србија во ЕУ може да стане опција. Нема да се двоумиме да ја искористиме“, изјави Ван Вајнхарден.

Ден пред покренувањето на резолуцијата во парламентот, истиот пратеник одговори на пратеничките прашања за зголемената миграција ширум Србија од државниот секретар за правда и безбедност Ерик ван дер Бург. Тој рече дека владата „ја дели загриженоста на еврокомесарот Јохансон за зголемениот проток низ Србија и ја гледа потребата да се спротивстави на протокот преку Западен Балкан“, но исто така ги поздравува чекорите преземени од Србија во однос на усогласувањето со визната политика на ЕУ и ќе продолжи да го следи развојот на ситуацијата и да врши притисок доколку е потребно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија објавен Речник на македонски глаголи

 По повод 75-годишнината од универзитетската настава по…

Нема мир: И Албанците од јужна Србија…

Албанците кои живаат во трите општини на…

Петровска на средба со Вучевиќ: Интеграција во…

Министерката за одбрана на Република Македонија, Славјанка…

(Видео) Српски навивачи во Мелбурн извикуваат „Србија-Русија“…

Српски навивачи денеска се собраа пред стадионот…

Србија “ќе си легне на брашното”? Лајчак…

Специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, рече…