Ќулавкова – пописот е фарса во режија на парадржава: Против Македонецот се води уникатна и немилосрдна хибридна војна

t

Пишува академик Катица ЌУЛАВКОВА

Оваа фарса од попис на населението во режија на парадржавата “Северна Македонија” е политички, национален, законски и морален криминал без преседан во европската историја.

Овој Попис е уште еден показател, дека се наоѓаме во завршна, терминална фаза од изумирањето на Македонската национална држава и делегитимацијата на Македонската нација.

Ова е хаотичен, трагикомичен, противзаконски чин!

Онеправдани се Македонците како народ, но и македонските Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми…

Ако се следи “патот на парите“ (т.е. патот на моќта и надмоќта), лесно е да се утврдат мотивите и кеаторите на оваа фарса. Оние кои располагаат со резултатите од пописот од 2011 нека ги обелоденат јавно, па ќе се види, низ споредба, како е режиран овој варварски Попис.

Фактите од непризнатиот и осуетен попис од пред 10 години ќе го демистифицираат и овој криминал, ќе покажат зошто се дава легитимитет на нелегитимните политики, зошто се навестува меѓународна поддршка на нешто што треба да биде предмет на жестока критика и осуда.

Под преттекст на европски вредности, во Македонија се спроведуваат неевропски политики.

НЕ ГО ПРИЗНАВАМ ОВОЈ ЛАЖИРАН ПОПИС!

Тој е само уште еден доказ, дека во Македонија се води уникатна и немилосрдна хибридна војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што се случува со реката Одра: Сѐ…

Германските и полските власти се обидуваат да…

ХАЈРЕДИНИ ЗА ПОЛИТИКАТА НА ВЛАДАТА НА МАКЕДОНИЈА…

Ако нема реципроцитет, ќе нема ни идентитет,…

Mицкоски пак се пишмани: Може да не…

Од утре продолжуваат консултациите за референдумот со…

Мицкоски: Ако еден пратеник на опозицијата гласа…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веднаш по…