Ќучук: Патот на Македонија кон ЕУ ќе биде блокиран без вклучување на Бугарите во Уставот

t

Патот на Македонија кон ЕУ ќе биде блокиран, доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски својата кампања ја води со ставови против Бугарија и се противи на вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата смета бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучик.

– Процесот на преговори меѓу ЕУ и Република Северна Македонија сѐ уште не е започнат, бидејќи се чека да заврши скринингот, кој ќе потрае извесно време. Од бугарското искуство знаеме дека тоа трае од година и половина до две години и мора да се дадат оценките за тој скрининг – вели Ќучук за софиската телевизија бТВ.

Тој нагласува дека францускиот предлог за деблокирање на евроинтеграцијата на земјава претставува предлог на Европската Унија, бидејќи е прифатен со консензус од сите членки на ЕУ, ја доби и потребната политичка поддршка, како во бугарското, така и во македонското Собрание.

Согласно францускиот предлог, преговорите на земјава по кластери и поглавја треба да почне по завршувањето на процесот на скрининг, но и по вклучувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот во редот на останатите делови од народи што живеат во државата.

– За жал, во македонскиот Парламент, францускиот предлог беше прифатен само со гласовите на владејачките и дел од опозициските партии. Најголемата опозициска партија категорично се спротивстави на ово ј предлог и најави дека нема да гласа за измените на Уставот и вклучувањето на Бугарите во нивниот Устав. Ова, би рекол, е многу тажен развој на настаните – додаде Ќучук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР пуштена “на најјако”: Приведени млади дилери…

На 05.10.2022 околу 15.00 часот во Велес…

Трет месец по ред, рејтингот на Бајден…

На нешто повеќе од еден месец до…

Бугарските европратеници со провокации кон Македонија во…

Добрососедските односи, реформите и регионалната соработка во…

Ќе се задолжува подобро: Зеленски го менува…

Володимир Зеленски до Врховната Рада поднесе предлог-резолуција…