Џамбаски го подвитка опашот: Нацист бил само по дома, во Брисел невино мафнал

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски синоќа предизвика скандал во Европскиот парламент во Брисел кога на крај од седницата направи нацистички поздрав, кој подоцна тој го негираше, велејќи дека само сакал да мавне некому.
„Фактот што некој не се согласува со вас не значи дека е нацист. Се извинувам ако моето невино мавтање навреди некого“ напиша тој на Твитер.
И претседателката на Европскиот парламент Мецола синоќа реагираше на својот Твитер профил за ваквиот гест на Џамбаски.
„Фашистички поздрав во Европскиот парламент за мене е неприфатливо – секаде и секогаш… Ваквиот потег е дел од нашата најтемна историја и таму мора да остане“, напиша Мецола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон “преживеа”: Не успеа гласањето недоверба во…
Француската влада денеска со мало мнозинство го…
ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО МЕТРО ВО БРИСЕЛ?!
На социјалните мрежи се споделуваат информации за…
Вучиќ по состанокот во Брисел: Очекувано тежок…
Српскиот претседател Александар Вучиќ го оцени како…
Шведскиот амбасадор во Косово нема надеж: Мали…
Шведскиот амбасадор во Косово, Јонас Вестерлунд денеска…
Брисел: Неправедно нè обвинуваат дека не даваме…
Специјалниот пратеник на ЕУ за Сирија Дaн…