Џафери се правда: Немам намера да правам незaконски дела

t

Субвенциите согласно Договорот со Телеком, на кои што се повикува Арсовски дефинирајќи ги како луксузирање со народни пари и кои што Арсовски бара да се пренаменат подразбираат незаконска постапка, односно лицето кое што ќе изврши таква пренамена кривично ќе одговара. Впрочем, такви примери има во минатото и во судската пракса и лицата кои извршија такви незаконски дејанија сѐ уште се предмет на постапка на судовите во Република Македонија, се вели во реакцијата на собранискиот спикер, Талат Џафери.

Оттука, како што стои во реакцијата, Џафери нема намера да се впушта во незаконски активности само затоа што одредени претставници на политички партии го бараат тоа од него преку дневно политички популистички изјави кои доколку се преведат соодветно значат кршење на законите.


Како што објасни Џафери во вчерашното гостување на ТВ 24, согласно законските одредби одобрил поведување на постапка со која Собранието на Република Македонија согласно Годишниот план за јавни набавки објави Оглас за јавна набавка на услуги за мобилна телефонија со проценета вредност од 10.000.000,00 денари за период од две години, наменети за линии за целата служба – околу 270 линии и линии за пратеници – околу 120 линии за што Собранието склучи Договор за јавна набавка на услуги кој што е јавно објавен на ЕСЈН.

Договорот започна да важи од 01.02.2022 година во времетраење од две години. Согласно член 9 од Договорот, Македонски Телеком има обврска да обезбеди субвенции во минимален износ од 4.438.098,00 денари со вклучен ДДВ кои што Собранието може да ги искористи за набавка на службени мобилни апарати.

– По ова повторно детално појаснување од страна на Претседателот, сметаме дека се исцрпени сите можности за повторно отворање на оваа тема, нејзино користење за добивање на дневни и ситни политички поени и нагласуваме дека Претседателот користи непосредна и директна комуникација со претставниците на медиумите за детално да ја информира јавноста за постапките, а не ги пренесува своите ставови преку социјални медиуми или изолирани интервјуа со претходно договорени и нарачани прашања – велат од кабинетот на Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средба на Џафери со претседателката на италијанскиот…

Соработката меѓу Италија и С. Македонија на…

Седницата за избор на нова влада во…

Претседателот на Собранието Талат Џафери седницата за…

Џафери: Новата влада би ги преземала функциите…

Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека…