Џафери се испокарал со обезбедувањето во собранието – Наводно ги нарекол мајмуни и се заканил дека ќе ги избрка од работа
По завршување на денешната скандалозна седница на собранието дошло до сериозен вербален инцидент меѓу спикерот на Собранието Талат Џафери и припадници на собраниското обезбедување.
По завршување на седницата членови на собраниското обезбедување согласно протоколот влегле во салата за да ја проверат просторијата на пленарната седница по што Џафери им се обратил со погрдни зборови на членовите на обезбедувањето.
Дел од пратениците на власта кои биле сведоци на инцидентот сведочат за пцости, именување на обезбедувањето како ,,мајмуни” и закани дека ќе бидат избркани од работа.
Според пратеник на СДСМ спикерот Џафери кој вжбил во ,,чудна емотивна ситуација” најверојатно помислил дека обезбедувањето дошло да го проверува него по што почнал со навредите.
Ниту еден од членовите на обезбедувањето на Собранието не се спротивставил на вебалното насилство на спикерот по што тие ја напуштиле пленарната сала на Собранието, тврдат очевидци на настанот кои се шокирани од однесувањето на спикерот.
Предходно Џаефри за малку избегна физичка пресметка со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…