Џафери ја доби интерпелацијата, ќе закаже седница согласно Деловникот

t

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска ја доби интерпелацијата по која тој ќе постапи согласно роковите и процедурите предвидени со Деловникот на Собранието, соопшти неговиот кабинет.

Интерпелацијата треба да биде ставена на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците. Ако нема одговор во рокот интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието.

Во соопштението од кабинетот се објаснува процедурата откако ќе биде доставена интерпелација до Собранието и кога треба да биде закажана седницата.

-Според Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија (член 45 став 3), интерпелацијата се поднесува до претседателот на Собранието, кој веднаш ја доставува до оној на кого му е упатена и до пратениците. Субјектот на кого му е поставена интерпелацијата има право да достави писмен одговор на поставената интерпелација до претседателот на Собранието, најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на интерпелацијата. (член 46) Интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците. Ако одговорот не се поднесе во рокот утврден во членот 46 на овој Деловник, интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието. (Член 47) Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24.00 часот, се наведува во соопштението од Кабинетот на Џафери.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието Талат Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не успеа интерпелацијата за Џафери

Вечерва во Собранието не беше изгласана интерпелација…

Интерпелацијата на Џафери во четврток

Седницата за интерпелацијата на претседателот на Собранието Талат…

Средба на Џафери со претседателката на италијанскиот…

Соработката меѓу Италија и С. Македонија на…

Џафери лично ќе претседава со седницата за…

Кој ќе претседава со седницата за разрешување на…

Џафери ја доби интерпелацијата, ќе закаже седница…

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат…