Џафери ја саботираше декларацијата за Гоце Делчев, не била преведена на Албански – Од СДСМ се изнасмејаа

t

Текстот од декларација за Гоце Делчев сеуште не е распределен по пратениците затоа што не бил преведен, е изговорот на собранието за одложување на декларацијата за наредната седница, според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Сега е моментот, важно е да поразговарамне за ова, особено на уставот и преамбулата, за жртвите и борбата за самостојност, да донесеме документ за заедничко разбирање, заедничко славење на темелите на државата и општеството. Истакна Мицевски.

Тој додаде и дека во 2020 се оддржуваат 150 годинин од раѓањето на Гоце Делчев, поради што е особено важно, на организиран начин се одаде почит за она за кое што се залагал, како европско наследство и европски културни вредности, преку славење на Гоце Делчев во МАНУ, во институт за историја и универзитетот Св. Кирил и Методиј.

„Да ги оставиме дневно-политичките препокувања, на демократски начин да поразговараме за оваа декларација“ – Побара Мицевски и замоли декларацијата да се стави како 12 точка, иако побарале да биде прва, на штои пратениците на СДСМ гласно се насмеаа, по што тој порача дека не е за смеење затоа што темата е најсериозна досега.

Спикерот Џафери се оправда дека иако матерјалот е пристигнат наврмено, истиот треба да е поделен по пратениците за да започне законодавна постапка, а истото не се случило поради различни причини како што е превод на албански, поради што декларацијата останата за наредна седница.

За денешната Собраниска седница, од Гоце Делчев поважно беше избирање заменик министри во владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пропаѓањето на американски банки нема да влијае…

Само 6,6 отсто од вкупните обврските на…

(Видео) Израелски историчар од Скопје: Сра*е е…

Несомнено е дека за депортацијата на македонските…

Слаб земјотрес во југоисточниот дел на Македонија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје…

Тажно: Најмладиот пациент кој оди на дијализа…

Најмладиот пациент во Македонија што оди на…

Никогаш да не се заборави: Се одбележуваат…

Од денеска до недела ќе се одбележуваат…