Објавено на:

Џил Бајден оваа недела во Романија и Словачка

t

Првата дама на САД Џил Бајден оваа недела ќе отпатува во Романија и Словачка за да се сретне со семејствата на украинските бегалци, американските хуманитарни и воени работници и вработените во амбасадата, соопшти денеска нејзиниот кабинет.

Патувањето на Џил Бајден е планирано меѓу 5 и 9 мај.

Посетата ќе биде уште една демонстрација на американската поддршка за Украина и земјите кои и помагаат.

Џил Бајден ќе замине во Романија и Словачка по ненадејната посета на Украина на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, која минатата сабота се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Романија и Словачка примија стотици илјади украински бегалци од почетокот на руската инвазија врз Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВНИМАВАЈТЕ: За земен брз кредит од 9.000…

За земен брз кредит од 9.000 денари,…

(ФОТО) АЛБАНЕЦ ЈА НАДМУДРИ ПОЛИЦИЈАТА! На Интернет…

32-годишникот бил испрашуван од полицијата и првично…

Пендаровски: Невкусно е во економска криза да…

Претседателот на државата Стево Пендаровски во врска…

ФАТЕН НА ДЕЛО, ИТЕН ОДГОВОР НА РУСИЈА!…

Кремљ тврди дека репортерот бил „фатен на…

„Челенџер 2“: Вакви британски тенкови доби Украина

Првиот од 14-те тенкови „Челинџер 2“, што…