Објавено на:

Џонсон ги повика Русите да се информираат за Украина од независни извори: Заслужувате да ја знаете вистината

t

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска упати апел до Русите во кој ги повика „да се информираат од независни извори“ за „злосторствата извршени од нивните војници во Украина“, додавајќи дека тие „не би ја поддржале војна доколку ја знаат вистината“.

– Рускиот народ ја заслужува вистината, вие ги заслужувате фактите, изјави Џонсон во видео обраќањето на Твитер, кое делумно беше на руски јазик.


– Злосторствата извршени од руските војници во Буча, Ирпин и други места во Украина го згрозија светот. Извештаите се толку шокантни, толку гнасни, не е ни чудо што вашата влада се обидува да ги скрие од вас. Вашиот претседател знае дека кога би можеле да видите што се случува, нема да ја поддржите неговата војна, истакна тој.

Џонсон ги повика Русите да користат виртуелни приватни мрежи (ВПН) за да можат да пристапат до независни информации за војната и на тој начин да дојдат до фактите.

– И кога ќе дојдете до вистината, споделете ја. Тие што се одговорни и ќе одговараат. А историјата ќе памети кој имал поинаков пристап, нагласи британскиот премиер.

Тој на руски додаде: „Вашиот претседател е обвинет дека извршил воени злосторства, но не можам да верувам дека тоа го направил со ваше одобрение“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден побара на рускиот претседател Владимир Путин да му се суди поради воени злосторства кои се наводно извршени од руски војници во Буча, предградие на Киев.

Москва ги нарече ваквите наводи неприфатливи, а руското Министерство за одбрана соопшти дека руските војници не убиле цивили во Буча, каде украинските сили неодамна ја презедоа контролата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Падна Лиман – упориштето на украинските…

Упориштето на Доњецк падна во рацете на…

Уништени хеликоптери и воен транспортер, убиени повеќе…

92-ри ден од руската специјална операција во…

(Фото) Русите го покажаа “трофејот”: Какво НАТО…

Руската војска која го зазеде Лиман, меѓу…

Мила му е Украина ама помил му…

Најбогатиот човек во Украина, Ринат Ахметов вели дека планира…

Русите бесни: Украинската црква бара Вартоломеј да…

Украинците бараат од Вселенскиот патријарх да го…