Објавено на:

Џонсон со порака до Г7 и НАТО: Сега не е време да ги охрабруваме Украинците да се согласат на ,,лош мир”

t

Британскиот премиер, Борис Џонсон, оцени дека Г7 и НАТО не треба да ја охрабруваат Украина да постигне, како што наведе, „лош“ мир со Русија, што би значело откажување од делови од нејзината територија.

Неколку дена пред самитот на Г7 во Германија и НАТО во Шпанија, Џонсон вчера се осврна за ситуацијата во Украина за време на посетата на главниот град на Руанда, Кигали

-Мојата порака до колегите од Г-7 и НАТО би била следна: Сега не е време да ги охрабруваме Украинците да се согласат на лош мир, мир за кој од нив е побарано да отстапат делови од нивната територија во замена за прекин на огнот. Мислам дека тоа би било катастрофа, рече Џонсон.

Британскиот премиер додаде дека е можно некои од најголемите западни сили да се „уморни“ од Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Конфликтот ќе биде решен на бојното…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

(Видео) ГОЛЕМ СКАНДАЛ: Навивач на Башкими удри…

Башкими и Каменица Саса денеска одиграа нерешено…

Лукашенко: Западот се подготвува да го пушти…

Белорускиот претседател рече дека Америка стои позади…

Силен земјотрес во БиХ, почувствуван е и…

Магнитудата била 4,5 степени според Рихтеровата скала.…

Се уште беснее пожарот кај Милетино, хеликоптер…

Хеликоптер на МВР вчера и денеска исфрли…