Дипломатско признание за Темелковски од ОН

t

Зоре Темелковски поранешн спортист, спортски работник, бизнисмен и пратеник во првиот состав на македонскиот парламент по осамостојувањето и во пензионерските денови не мирува. За својата општествена и хуманитарна активности, денеска на маргините од меѓународната конфернеција Преспа форум за дијалог, која изминативе денови се одржа во Охрид, доби дипломатско признание од претставниците на Обединетите Нации кои беа учесници на овој собир.

Во хотелот „Аквалина“, во Охрид,  на Темелковски од Флорентин Скалетчи му беше врачена диплома за досегашната активност на сите полиња. Како прв претседател на Македонско-бугарската стопанска комора и човек со долгогодишно искуство ќе биде предложен да се најде во работните групи кои ќе работат во надминувањето на спорните прашања и враќање на меѓусебната доверба со источниот сосед за одблокирање на македонскиот пат кон ЕУ.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изменет законот за недела неработен ден, дознајте…

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на…

Приведен крадец во Прилеп

На плоштадот „Методија Андонов Ченто” во Прилеп,…

,,До кога ќе ги снемува спортските брендови”?

Македонскиот ракометен првак и најтрофеен клуб Вардар…

Европски аналитичари: Бугарија се изживува со Македонија…

Битолчанецот Божидар Бижиновски накратко на неговиот Фејсбук…

Има надеж и за Македонија, Борел: ЕУ…

Шефот на  европската дипломатија,  Жозеп Борел, изјави…