Објавено на:

Австрија: Ќе продолжиме да плаќаме за рускиот гас во евра, а не во рубљи

t

Австриската групација за нафта и гас ОМВ ќе продолжи да го плаќа рускиот гас во евра, а не во рубљи, изјави извршниот директор Алфред Стајн.

„Ова е основата на нашиот договор, не смеам да постапувам поинаку“, изјави шефот на австриската компанија во интервју за телевизијата Пулс24.

Тој рече дека ја видел објавата на рускиот претседател Владимир Путин во која се наведува дека „непријателските држави ќе го плаќаат рускиот плин во рубљи“.

-Никој се уште не ни се јавил, има и валидни договори во кои такво нешто не е вклучено, изјави првиот човек на австриската компанија и додаде дека ќе чекаат евентуално известување.

Рускиот претседател вчера попладне на седница на владиниот кабинет најави промени во наплатата на гасот.

-Русија, се разбира, ќе продолжи да испорачува природен гас во договорениот обем и според договорените цени. Ќе се промени само валутата на плаќање, во руски рубљи, рече Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитриевски напаѓа нов рекорд во Рајо Ваљекано!

Рајо Ваљекано не игра блескава сезона, но…

55-годишен скопјанец физички нападнат од три лица

55-годишен скопјанец пријавил во полиција дека бил…

Дмитро Кулеба ги дефинираше петте главни цели…

– Министерот за надворешни работи на Украина…

Почина познатиот италијански моден дизајнер Роберто Кавали

На 83-годишна возраст денеска почина познатиот италијански…

Едно возило се преврте: Три лица повредени…

Три лица се повредени попладнево во сообраќајка…