Американскиот специјален претставник за Западен Балкан: „Отворен Балкан“ не е политички туку економски проект

t

Американскиот специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во обраќањето на самитот „Отворен Балкан“, порача дека САД ќе направат се да го стабилизираат регионот , но дека повеќе не го гледаат низ сликата од 90-тите, туку низ призмата на можностите што ги нуди тој. Според него, тие можности се огромни, пред се поради одличната географска позиција, прекрасните ресурси и претприемачкиот дух. Според него, Западен Балкан може да биде центар за обновлива енергија, за течен гас, за информатичка технологија и за туризам.

„САД ја поддржуваат иницијативата Отворен Балкан и тоа се заснова на неколку работи. Прво, не се работи само за економска и регионална соработка, туку и за евроинтеграциска. Второ, има многу иницијативи за создавање на економска интеграција, а Отворен Балкан е една од нив“, рече Ескобар охрабрувајќи ги лидерите да ја усогласат со другите во регионот.

Тој изрази исто така надеж дека оваа иницијатива, што ја нарече одлична, ќе се прошири со уште членки, бидејќи ова не еполитички туку, како што нагласи, важен економски проект. Земјите од регионот, порача тој, може да сметаат на помошта од САД во однос на економијата, борбата против корупцијата и криминалот и европската интеграција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителот Бајрами во 13:00 часот ќе ги…

Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење…

Германски државјанин вооружен со пиштол е уапсен…

На граничниот премин на аеродромот во Подгорица…

Гласањето во Опаје прекинато со часови поради…

Ахмет Арифи, претседател на избирачкото место број…

Захарова: Воените вежби на НАТО во Финска…

Воените вежби на НАТО на територијата на…

Програмерите со највисоки плати, а со најниски…

Според пресметките на Државниот завод за статистика,…