Објавено на:

Американците бараат враќање на Доналд Трамп:Инфлацијата во САД го достигна највисокото ниво од 1981-ва

t

Инфлацијата во САД продолжи да се забрзува во мај, забележувајќи годишен раст од 8,6%, кој е највисок од 1981-ва година, според официјалната статистика, цитирана од „CNBC“.

Индексот на потрошувачките цени изненади со својот раст во минатиот месец, надминувајќи ја прогнозата на „Dow Jones“ за раст од 8,3 отсто. Без нестабилните цени на храната и енергијата, бројката се зголеми за 6%, малку над прогнозата од 5,9%.

За овие движења придонесе растот на бензините, киријата и храната.

Енергенсите поскапеа за 3,9 отсто на месечно ниво, а годишниот пораст достигна 34,6 отсто. Во оваа категорија, мазутот поскапе за 16,9% од април, а во однос на една година претходно поскапе за 106,7%.

Трошоците за изнајмување, кои сочинуваат околу една третина од индексот, се зголемија за 0,6% на месечно ниво и 5,5% на годишна основа. Храната поскапе за 1,2% во споредба со април, а во однос на мај 2021-ва година за 10,1 отсто.

Податоците покажуваат дека работниците морале да поминат низ нова контракција на приходите. Реалните плати приспособени според инфлацијата паднаа за 0,6% во април, иако просечната плата за час беше за 0,3% повисока. Во однос на истиот период од 2021-ва година, просечната саатница е намалена за 3%.

Статистиката беше долгоочекувана од „Wall Street“ и беше главен двигател на движењето во последните денови. Причината е што податоците будно ги следи Федералните резерви на САД, чиј состанок е закажан за следната недела. Инвеститорите стравуваат дека централната банка може да преземе премногу агресивни чекори за да ја спречи инфлацијата за да предизвика рецесија во американската економија.

Токму овие грижи доведоа до остри падови на американските берзи во петокот, кога реперот „Dow Jones Industrial Average“ избриша 638,11 поени од својата вредност, паѓајќи на 32.272,79 поени. Широкиот мерач „S&P 500“ падна за 2,38% на 4.017,82 поени, а „Nasdaq Composite“ падна за 2,75%, или 332,04 поени, на 11.754,23. Приносот на 10-годишните американски обврзници искачи над 3%, одржувајќи го до крајот на трговската сесија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…