Објавено на:

Америка одговори на обвинувањата за профит на гасот: Не ги креваме цените за Европа

t

Белата куќа ги отфрли обвинувањата дека Соединетите Американски Држави профитираат од драстично зголемените цени на течниот природен гас (ЛНГ) кој ѝ го испорачуваат на Европа.

Функционер на американската влада им кажа на новинарите дека тоа обвинување е лага и дека Вашингтон ѝ испорачува ЛНГ на Европа за да ѝ помогне да се подготви за зимата.

Поголемиот дел од течниот природен гас од САД се испорачува според долготрајните договори на странски трговски компании, а меѓу нив се и неколку европски компании кои потоа го препродаваат на европските потрошувачи, оцени тој.

Европските земји се во потрага по енергенси откако Русија ги прекина испораките како одговор на западните санкции и саботажата на главниот гасовод Северен тек. ЛНГ, длабоко замрзнат природен гас под висок притисок кој се транспортира со бродови во течен облик, е една од алтернативите. Засега повеќето европски земји добиваат ЛНГ од САД.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек неодамна ги обвини земјите извознички на ЛНГ дека ги пумпаат цените на течниот гас во екот на енергетската криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска од Демир Хисар: Белите мугри се…

Денес претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р…

Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто

Цените на становите во Скопје во првиот…

Ковачевски: Се грижиме за пензионерите, 30.000 денари…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар…

Еурофарм Пелистер го победи Алкалоид со ДЕСЕТ…

Eкипата на Еурофарм Пелистер славеше убедлива победа…

Грција ќе и ги даде на Украина…

Грција нема да ги пренесе во Украина…