Објавено на:

Анкета: Се повеќе Швеѓани поддржуваат влез во НАТО

t

Резултатите од најновата анкета покажуваат дека 57 проценти од Швеѓаните се „за“ членство во НАТО, 21 процент од испитаниците се изјасниле „против“ а 22 отсто одбиле да одговорат.

Во анкетата од март првпат резултатите покажаа дека 51 процент од Швеѓаните сакаат влез во НАТО, „против“ се изјаснија 24 отсто, а 22 проценти одбиле да одговорат.

Шведска не војувала уште од времето на Наполеон и својата безбедносна политика ја градеше на „неучество во воени сојузи“.

Шведската Влада сега ја преиспитува безбедносната политика, а владејачките социјалдемократи дебатираат дали ќе се откажат од долгогодишното спротивставување на членство во Северноатлантската алијанса.

Преиспитувањето на безбедносната политика е поттикнато, исто како и во Финска, по руската инвазија врз Украина.

Анкетата ја изработи Демоскоп на барање на шведскиот весник Афтонбладет, при што се испитани 1.177 луѓе од 14 до 19 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Како претседател ќе се залагам за…

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Стевчо…

Истепан вработен во ЕВН во Глумово

Во текот на вчерашниот ден во 15.00…

Закани по живот на американскиот амбасадор во…

Смртни закани за американскиот амбасадор Кристофер Хил…

(Видео) Јакимовски: 15 години не можете да…

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски денеска во посета…

Уапсена е директорката на Агенцијата за спречување…

Службеници на СЈО утрово ја блокираа зградата…